Ракометарките на Пелистер славеа на домашен терен против екипата на Деспина со конечни 31-22, и се последни патници во плејофот во Супер лигата.
Пелистер ушто во првото полувреме имаше водство, а на полувреме замина со високи 16-8. Во вториот дел Пелистер ја завери победата и се пласира во плејофот во Женската Супер лига.
Најефикасна во екипата на Пелистер беше Кристина Наумоска со осум погодоци, додека кај екипата на Деспина најефикасна беше Евгенија Цаневска со пет погодоци.
ЖРК Пелистер 31-22 ЖРК Деспина
(фото-ЖРК Пелистер)📷