Екипата на Пелистер против тимот на Спартак го потврди пласманот во плеј-офот од Женската Супер лига, откако го совлада со резултат 34-26.
Ракометарките на Пелистер добро го започнаа натпреварот, и немаа многу проблеми да стигнат до победата против Спартак.
Најефикасни во тимот на Пелистер беа Моника Босилковска и Кристина Наумовска со по осум гола, додека кај екипата на Спартак најефикасна беше Јана Ѓошевска со десет гола.
(фото – ЖРК Пелистер)📷