Пелистер се радуваше на триумф против Гевгелија

Екипата на Пелистер забележа победа против екипата на Гевгелија со конечен резултат 31-15 во натпревар од Женската Супер лига.

Тимот на Пелистер победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше водство од 19-8.

Најефикасна кај Пелистер беше Наталија Дишковска со седум гола, додека кај Гевгелија најефикасни беа Елена Димова и Благица Ступар со по пет гола.

(фото – ЖРК Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *