Екипата на Пелистер забележа убедлива и висока победа против екипата на Гевгелија со 40-14 во Женската Супер лига.
Тимот на Пелистер и на полувреме имаше висока предност од 22-9. Второто полувреме беше само формалност тимот на Пелистер да ја завери победата против Гевгелија.
Најефикасна во тимот на Пелистер беше Моника Босилковска со 12 погодоци, додека кај екипата на Гевгелија најефикасна беше Елена Димова со 6 погодоци.
(фото – ЖРК Пелистер)📷