Пелистер

Пелистер славеше против Гевгелија во заостанат натпревар од Суперлигата

Ракометарките на Пелистер славеа победа против Гевгелија со 25-21, во заостанат натпревар од осмото коло од Женската Суперлига.

Екипата на Пелистер добро ја контролираше играта во првото полувреме, и на полувреме замина со водство од 11-8. Во второто полувреме двете екипи играа рамноправно, но на крајот Пелистер дојде до победа против Гевгелија.

Најефикасна во екипата на Пелистер беше Моника Босилковска со осум погодоци, додека најефикасна во екипата на Гевгелија беше Драгица Митрова исто така со осум погодоци.

ЖРК Гевгелија 21-25 ЖРК Пелистер

(фото-ЖРК Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.