Екипата на Пелистер, која во новата сезона ќе игра во Женската Супер лига ги стартуваше подготовките за новата сезона.
Тимот на Пелистер подготовките ќе ги одвива во Битола, потоа ќе одигра неколку пријателски натпревари.
Клубот во новата сезона ќе го предводи Моника Талевска, каде ќе го замени Борче Корлевски кој го напушти Пелистер.
Пелистер за новата сезона се засили со ракометарките Невена Бундоска, Симона Спиркоска и Ана Стојчевска.

(фото – ЖРК Пелистер)📷