Ракометарките на Пелистер дојдоа до висок триумф против ракометарките на Шампион со убедливи 35-11 во плеј-аутот од Женската Супер лига.
Тимот на Пелистер во текот на целиот натпревар го имаше водството, па така немаше проблеми околу победата против Шампион.
Најефикасна во редовите на Пелистер беше Моника Босилковска со 17 голови, додека кај Шампион најефикасна беше Ангела Петровска со 6 голови.
(фото – ЖРК Пелистер)📷