Екипата на Пелистер забележа победа против тимот на Скопје со резултат 22-19 во натпревар од Женската Супер лига.
Тимот на Пелистер во текот на целиот натпревар беше подобар противник на теренот, па триумфираше против Скопје.
Најефикасна во тимот на Пелистер беше Сара Рујановска со шест гола, додека кај екипата на Скопје најефикасни беа Росана Павлова и Стефани Ристиќ со по пет гола.
(фото – ЖРК Пелистер)📷








