Ракометарките на Пелистер забележаа победа против екипата на Стружанка со конечни 21-19 во плеј-офот во Супер лигата.
Во првото полувреме Стружанка го имаше водството, и на полувреме замина со предност од 9-12. Во вториот дел од натпреварот ракометарките на Пелистер се вратија и добро им парираа на ракометарките на Стружанка, за на крај да забележат победа.
Најефикасна во екипата на Пелистер беше Моника Босиловска со седум гола, додека кај екипата на Стружанка најефикасна беше Магдалена Делиоска со шест гола.
(фото-ЖРК Пелистер)📷