Екипата на Пелистер славеше победа на гостувањето кај екипата на Деспина со 34-30 во плеј-аутот од Женската Супер лига.
Составот на Пелистер имаше контрола на резултатот во текот на целиот натпревар за на крај да ја совлада Деспина.
Најефикасна во редовите на Пелистер беше Моника Босилковска со 13 гола, додека кај екипата на Деспина најефикасна беше Андреа Конеска со 9 гола.
(фото – ЖРК Пелистер)📷