Екипата на Пелистер забележа победа против екипата на Овче Поле Славјански Универзитет со 35-31 во Женската Супер лига.
Тимот на Пелистер во текот на целиот натпревар беше во водство, па на крај триумфираше против Овче Поле Славјански Универзитет.
Најефикасна во редовите на Пелистер беше Моника Босилковска со 16 погодоци, додека кај Овче Поле Славјански Универзитет најефикасна беше Јована Конева со 12 погодоци.
(фото – ЖРК Пелистер)📷