Екипата на Пелистер забележа победа на гостувањето во Штип, кај екипата на Астибо со убедливи 35-22 во Женската Супер лига.
Тимот на Пелистер победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на пауза имаше предност од 17-8.
Најефикасна во редовите на Пелистер беше Моника Босилковска со осум гола, додека кај екипата на Астибо најефикасна беше Марија Анчева со 16 гола.
(фото – ЖРК Пелистер)📷