Екипата на Пелистер забележа победа против екипата на Стружанка со конечен резултат од 24-22 во плеј-аутот од Женската Супер лига.
Составот на Пелистер го имаше водството во текот на целиот натпревар, па на крај успеа да ја надигра Стружанка.
Најефикасна во редовите на Пелистер беше Моника Босилковска со девет гола, додека кај екипата на Стружанка најефикасна беше Теодора Маркоска со седум гола.
(фото – ЖРК Пелистер)📷