Екипата на Еурофарм Пелистер го продолжи договорот со репрезентативецот Петар Атанасијевиќ кој останува до 2026 година во битолскиот тим.
Имено, 19-годишниот Петар Атанасијевиќ потпиша договор до јуни 2026 година и ќе продолжи со својот развој во екипата на Еурофарм Пелистер.
“Горди сме што заеднички соработуваме со најдобрите млади ракометари во земјата и тоа ќе остане тренд и во иднина. Петар како малолетник пристигна во нашиот клуб, но веќе е изграден ракометар, репрезентативец и сегашност и иднина на Еурофарм Пелистер”, – изјавија од Рк Еурофарм Пелистер.
“Да се игра во еден ваков клуб и со вакви играчи е голема чест. Догодина се надевам дека ќе напредуваме и пак ќе се се радуваме на трофеи. Секоја чест на екипата за победата над Вардар. Сите дадовме максимумот, и тие кои играа и тие кои не добија шанса. Се гледам во овој клуб и во иднина, и во наредните години. Млад сум и има уште многу време за мене и како ракометар и како личност”, – изјави Петар Атанасијевиќ.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷