Репрезентативецот на Македонија, талентираното лево крило Петар Атанасијевиќ е прекомандуван во првиот тим на Еурофарм Пелистер.
Атанасијевиќ по две и пол години поминати во Еурофарм Пелистер 2, по барање на тренерот Ларс Валтер е прекомандуван во првиот тим.
19-годишниот Петар во својата играчка кариера има настапувано за РК Алушовски од каде премина во Еурофарм Пелистер 2.
Петар оваа година дебитираше и на Светските првенства, каде ги бранеше боите на македонската репрезентација.
(фото/видео – Рк Еурофарм Пелистер)📷