Средниот бек Петар Цветковски и кружниот напаѓач Стефан Јовевски не се повеќе дел од ракометниот клуб Бутел Скопје.
Од тимот на Бутел Скопје на социјалните мрежи објавија дека двајцата ракометари спогодбено ги раскинале договорите со клубот.
“Двајцата ракометари и нашиот клуб се разделија спогодбено. Им благодариме за придонесот во Бутел Скопје и им посакуваме многу среќа во понатамошната кариера”, – објавија од Рк Бутел Скопје.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷