Викендов ќе се одиграат осминафиналните натпревари од четвртфиналните групи во Купот на Македонија.
Екипата на Бутел за свој противник ја има екипата на Алкалоид. За овој натпревар своја изјава имаше и младиот ракометар на Бутел Скопје, Петар Цветковски.
“Не очекува тежок и неизвесен натпревар до крај. Ние добро се подготвуваме. Знаеме дека Алкалоид има млада екипа со многу добра полуконтра и контра. Мислам дека ако им ја запреме брзата транзиција можеме до победа на овој Куп натпревар”, – изјави Петар Цветковски.
(фото – Рк Бутел Скопје)📷