Петто издание на ракометниот камп “40×20” во Охрид

Под мотото 7 дена ракомет – повеќе тренинг, повеќе дружење и насмевки, во рамките на проектот Ракомет За Секое Дете, организаторот, агенцијата КМГ Спорт, го најавува 5. јубилејно издание на Ракометниот Камп “40×20”.

Кампот е посветен на развојот на младите ракометари и создавање средина во која децата учат, напредуваат и ја градат својата љубов кон ракометот. Новина оваа година е дека кампот трае плус еден ден, односно седум дена, што на сите учесници им овозможува повеќе тренинг, повеќе индивидуален пристап, повеќе простор за напредок, повеќе дружење и насмевки.

Кампот е отворен за деца од 7 до 17 години, а во претходните четири изданија учествувале над 400 млади ракометари од Македонија, Германија, Србија, Шведска, Норвешка и други земји.

(фото – Фејсбук/Ракометен Камп “40×20”)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *