Пеце Ѓорѓиески е ново засилување на Прилеп

Екипата на Прилеп, која пред неколку дена ги стартуваше подготовките за новата натпреварувачка сезона, се засили со поранешниот младински репрезентативец, Пеце Ѓорѓиески.

Станува збор за искусен ракометар, кој настапува на позицијата пикер. Ѓорѓиески во изминатата сезона настапуваше за екипата на Струга, клуб со кој ја освои 9. позиција во македонската елита.

Искусниот кружен напаѓач потекнува од школата на Прилеп, а во својата кариера го носеше дресот и на Тутунски Комбинат, Пролет, Пелистер, Охрид, Работнички, Радовиш и Тиквеш.

(фото – Рк Прилеп)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести