Пжемислав Крајевски ја заврши репрезентативната кариера

Левото крило Пжемислав Крајевски, по Светското првенство во Полска и Шведска реши да ја заврши репрезентативната кариера, и нема да настапува за Полска.

Пжемислав Крајевски за репрезентацијата на Полска настапи на 162 натпревари и постигна 380 погодоци, тој 10 години го носеше дресот на репрезентацијата.

„Застапувањето на нашата земја на меѓународна арена беше голема чест за мене и тоа беше посебно време за мене. Репрезентацијата секогаш ќе биде блиску до моето срце, затоа им посакувам среќа на моите соиграчи и им држам палци за успесите на Белите и Црвените. Ви Благодарам за борбата, посветеноста и срцето оставено на подиумот”, – изјави Пжемислав Крајевски.

(фото – Ракометна Федерација на Полска)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести