Екипата на Охрид се засили со пикерот Владимир Бојаниќ кој доаѓа од Турција од екипата на Бешикташ.
Српскиот пикер Владимир Бојаниќ со тимот на Охрид потпиша договор на две години. Освен за Бешикташ настапуваше и за Партизан (Србија), Тримо Требње и Горење (Словенија) каде што има одлични настапи во ЕХФ Купот, како и за Војводина и Металопластика (Србија).
“Драго ми е што сум дел од овој проект, се надевам дека ќе ја оправдам укажаната доверба и дека ќе ја постигнеме нашата цел и дека ќе растеме од година во година“, – изјави Бојаниќ.


(фото-ГРК Охрид)📷