Пик Сегед славеше против Фленсбург но не доволно за четвртфинале

Екипата на Пик Сегед славеше против Фленсбург со 36-35, и не успеа да се пласира во четвртфиналето, откако на првиот натпревар загуби со 25-21.

Фленсбург на пауза замина со предност од 17-18. Во вториот дел Пик Сегед успеа да го преземи водството и на крај да забележи минимална победа против Фленсбург.

Најефикасен во екипата на Пик Сегед беше Себастијан Фримел со шест погодоци, додека кај екипата на Фленсбург најефикасен беше Хампус Ване со девет погодоци.

(фото-Рк Фленсбург)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.