Лига на шампиони

Пик Сегед убедлив на домашен терен,Киелце го совлада ПСЖ

Унгарскиот тим Пик Сегед на домашен терен ја совлада екипата на Алборг (31-28) и го превзеде првото место во групата А во рамките од Лигата на шампиони.

Најефикасен за победата на Пик Сегед беше Борут Мачковшек со пет погодоци,додека најдобар стрелец во екипата на Алборг беше Себастијан Бартолд со седум погодоци.

Изненадување на домашен терен приреди екипата на Киелце кој ја совлада екипата на ПСЖ (38-33).Најдобар во екипата на Киелце беше Симон Сичко со шест голови,додека во екипата на ПСЖ најдобар стрелец беше Микел Хансен со осум голови.

На другите останати натпревари победи остварија и екипата на Кил кој на гостински терен ја совлада екипата на Вардар (29-26). Победа оствари и екипата на Монпелје откако на гостувањето кај екипата на Загреб успеа да си замине со три бода и конечни (25-22) за Монпелје.

Денешни резултати од 6. коло од Лигата на шампионите:

Пик Сегед 31-28 Алборг

Киелце 38-33 ПСЖ

ППД Загреб 22-25 Монпелје

Вардар 1961 26-29 Кил

(фото-ЕХФ Лига на шампиони)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.