Пионерите на Алкалоид го освоија 5. место на турнирот во Унгарија

Пионерската екипа на Алкалоид, ракометари од генерацијата 2008 и помлади настапи на турнирот на Ракометната академија на ПИК Сегед на кој учествуваа шест екипи од пет држави.

Екипите беа поделени во две групи со по три тима по што се играа полуфинални и натпревари за пласман.

Алкалоид успеа да го совлада Пик Сегед во првото коло, додека во второто коло загуби од ППД Загреб. По комплетирањето на сите натпревари трите тима имаа по една победа и еден пораз и за конечен пласман во групата решаваше вкупната гол разлика. 

Составот на Алкалоид играш два натпревари против Војводина за пласман на 5. место, каде ги победи двата натпревари со (33-23 и 27-19) и го освои петтото место.

(фото – Рк Алкалоид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести