Пионерите на Алкалоид ќе учествуваат на турнир на Ракометната академија на Пик Сегед

Пионерската екипа на Алкалоид, екипа составена од играчи родени во 2008 година и помлади, ќе учествува на турнир на Ракометната академија на Пик Сегед.

Турнирот ќе се одржи во периодот од 1 до 4 јуни, а ќе учествуваат шест екипи: Рк ОТП Банк ПИК Сегед (Унгарија), Рк Алкалоид (Македонија), Рк ППД Загреб (Хрватска), Рк Војводина (Србија), МРК Крка (Словенија) и Рк Ференцварош ТЦ (Унгарија).

Екипите се поделени во две групи, а Алкалоид е во група со екипите на ППД Загреб и на ПИК Сегед, со кои ќе игра на 2 јуни. На 3 јуни ќе се играат полуфиналните натпревари, а на последниот ден финалето и натпреварите за пласман.

(фото – Рк Алкалоид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести