Пионерите на Вардар, генерација 2010 и помлади сезонава „мелат“ се пред себе во својата старосна конкуреција во групата, завршувајќи го првиот дел од сезоната на првото место, со максимален број победи и гол разлика од „плус 110“.
Во моментов се единствена екипа што после 8 кола има постигнато повеќе од 200 голови, со просек од над 27 гола по натпревар.
Во последниот меч, пред домашна публика младите вардарови ракометари предводени од тренерот Иван Никчевиќ го победија тимот на Алкалоид со 23-12 најавувајќи дека сезонава ќе атакуваат на високо место во првенството.
Младите вардарци сезонава покажаа најмногу и заслужено се на првото место. Пионерите на Вардар во групата Б од пионерската лига имаат 8 победи од 8 натпревари.
(фото – Рк Вардар 1961)📷