Пионерската екипа на Куманово слави пласман на Ф4 турнирот во пионерска конкуренција, откако во четвртфиналето го совлада тимот на Скопје 2020 со 18-16.
Куманово диктираше темпо на играта во првото полувреме, но на пауза замина со минимална предност од 7-6. Во второто полувреме Куманово имаше подобра игра, па на крај успеа да триумфира против Скопје 2020.
(фото – МРК Куманово)📷