Пионерките на Јехона слават пласман на Ф4 турнирот во пионерска лига!

Пионерките на Јехона остварија победа во четвртфиналниот натпревар во пионерската лига против екипата на Чаир со резултат 27-22, и се пласираа на Ф4 турнирот.

Екипата на Јехона диктираше темпо во текот на целиот натпревар, па така стигна до победата против Чаир.

Најефикасна во тимот на Јехона беше Мила Николоска со девет гола, додека кај екипата на Чаир најефикасна беше Рона Мифтари со 16 гола.

(фото – ЖРК Јехона)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.