Во наредната натпреварувачка сезона, пионерската екипа на Аеродром составена од играчи родени 2010 и помали, покрај настапите кои ќе ги има во пионерската лига организирана од страна на Ракометната Федерација на Македонија, ќе има можност да напредува и преку турнирски натпревари.
Екипата на Аеродром ќе учествува на три турнири во Србија, од 1 до 3 ноември 2024 година на турнир во Лесковац, од 27 до 29 декември 2024 година на новогодишен турнир во Белград и од 26 до 29 јуни 2025 година на летен турнир Нови Београд.

(фото – Рк Аеродром)📷