Ракометарките на Куманово продолжуваат со победите во Женската Суперлига,откако во 7. коло на домашен терен ја совладаа екипата на Феникс со убедливи 46-34.
Во второто полувреме Куманово го наполни противничкиот гол и убедливо ја запечати победата. Екипата на Феникс немаше сили да им пружи отпор на играта на Кумановки,и затоа мораше да се задоволи со пораз.
Најефикасна во екипата на Куманово беше босанката Амела Џакмиќ со 11 погодоци,додека Јована Кипријановска беше најефикасна со осум погодоци. Кај гостите од Битола најефикасна беше Емилијана Ризоска со 14 погодоци.

(фото-ЖРК Куманово)