Екипата на Кичево триумфираше на домашен терен против екипата на Металург РА во Првата лига, со резултат 41-35.
Кичево во првото полувреме го превзеде водството, на полувреме домашната екипата имаше водство од седум гола разлика. Во вториот дел од натпреварот екипата на Кичево продолжи со водството, во составот на Кичево имаше двајца исклучени играчи со црвени картони, но и покрај исклучувањата екипата на Кичево успеа да слави победа против Металург РА.
Најефикасен во составот на Кичево 2020 беше Александар Мирчески со 13 погодоци, додека кај екипата на Металург РА беше Христијан Неданоски со 11 погодоци.
Рк Кичево 2020 41-35 Рк Металург РА
(фото-Рк Кичево 2020)