Ракометарите на Јехона славеа победа против Борец во последните секунди со 30-29 во натпревар од Првата лига.
На полувремето Јехона имаше висока предност од 17-9. Во вториот дел Борец успеа да се врати, но Јехона во со гол во последната секунда успеа да забележи победа против Борец.
Најефикасен во екипата на Јехона беше Бојан Марковски со шест гола, додека кај екипата на Борец најефикасен беше Минов по пет гола.
(фото-Рк Јехона)📷