Победи за Алкалоид, Бутел Скопје и Вардар 1961 во Купот

Победи и пласман во наредната фаза од Купот на Македонија обезбедија Алкалоид, Бутел Скопје и Вардар 1961.

Алкалоид го совлада Вардар Неготино со високи 48-28. Најефикасни во редовите на Алкалоид беа Арно Бинго и Дамјан Митев со по осум гола, додека кај Вардар Неготино најефикасен беше Лазар Адамовиќ со 13 гола.

Бутел Скопје триумфираше против Струга со резултат 24-18. Најдобар стрелец кај Бутел Скопје беше Дамјан Субашевски со седум гола, додека кај Струга најдобар стрелец беше Мерис Бошњак со десет гола.

Вардар 1961 лесно се справи со Радовиш, откако славеше со високи 42-21. Најефикасен во тимот на Вардар 1961 беше Бакар Мохамед со девет гола, додека кај Радовиш најефикасни беа Зоран Стојановски и Иван Митревски со по четири гола.

(фото – Рк Алкалоид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести