Денеска започна 50. јубилејно издание на турнирот во Струга и се одиграа три натпревари на кои победи извојуваа екипите на Вардар 1961, Еурофарм Пелистер и Целје.
Екипата на Вардар 1961 славеше против тимот на Алкалоид со резултат од 24-22. Најефикасен во составот на Вардар 1961 беше Филип Талески со седум погодоци, додека кај екипата на Алкалоид најефикасен беше Марко Митев со четири погодоци.
Еурофарм Пелистер забележа победа против домаќинот Струга со резултат од 23-27. Во последниот натпревар Целје славеше против Бутел Скопје со убедливи 30-20.
(фото-Меѓународен ракометен турнир Струга)📷