На третиот ден од турнирот “Марко Божиновски” победи извојуваа екипите на Нексе Нашице, Војводина, Бутел Скопје и Алкалоид. Се одиграа четири натпревари.
Екипата на Војводина го совлада тимот на Вардар 1961 со убедливи 41-26. Бутел Скопје забележа победа против Тинекс Пролет со резултат 36-32.
Нексе Нашице го совлада тимот на Голден Арт со 34-30. Тимот на Алкалоид забележа победа против Еурофарм Пелистер со минимални 31-30.
17 јуни
09:00 часот Рк Војводина – Рк Тинекс Пролет
10:30 часот Рк Нексе Нашице – Рк Алкалоид
13:00 часот Натпревар за 7 место (Група А4 – Група Б4)
14:30 часот Натпревар за 5 место (Група А3 – Група Б3)
16:00 часот Натпревар за 3 место (Група А2 – Група Б2)
18:00 часот Натпревар за 1 место (Група А1 – Група Б1)
20:30 часот Церемонија на доделување на пехари, медали и избор на најдобар голман, стрелец и играч на турнир.
(фото – Рк Алкалоид)📷