Победничката серија на Тиквеш продолжи и против Скопје 2020

Ракометарите на Тиквеш продолжуваат со победите во Супер лигата, откако на домашен терен ја совладаа екипата на Скопје 2020 со 31-24.

Тиквеш ја оправда улогата фаворит на натпреварот. Тиквеш имаше висока предност на полувремето од 16-9, во вториот дел беше заверена победата против Скопје 2020.

Најефикасен во екипата на Тиквеш беше Страхиња Симиќ со 11 погодоци, додека кај екипата на Скопје 2020 најефикасен беше Александар Василевски со девет погодоци.

(фото-ГРК Тиквеш 2014)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести