Победничката серија на Тинекс Пролет продолжи и против Еурофарм Пелистер 2

Серијата одлични игри и резултати на Тинекс Пролет продолжи и на денешното гостување во Битола против Еурофарм Пелистер 2, каде избраниците на Лембанов со беспрекорно издание стигнаа до големи три бода, славејќи со 23-25.

Тинекс Пролет поведе од самиот почеток, па на полувреме имаше предност од 9-14. Во второто полувреме Тинекс Пролет продолжи со истото темпо како во првото полувреме, за да слави победа против Еурофарм Пелистер 2.

Најефикасен кај екипата на Тинекс Пролет беше Џонов со шест гола, додека кај екипата на Еурофарм Пелистер 2 беше Ивановски исто така со шест гола.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести