Повредата е минато, Марко Митев успешно тренира со Алкалоид на подготовките (ФОТО)

Минува првата недела исполнета со тренинзи и Алкалоид веќе е пред втората фаза од подготовките за претстојната сезона која ќе биде исполнета со големи предизвици уште од самиот почеток.

Марко Митев, играчот кој за кратко време ја освои ракометна Македонија со својата пожртвуваност, бескомпромисност и неспорен квалитет, новата сезона ја почнува со тренинзи дизајнирани за побрза рехабилитација и враќање на терен кое се очекува во есенскиот дел од сезоната.

„Во тек се подготовките за новата сезона. Секој од нас посветено работи и се подготвува за претстојната сезона. Условите за работа во РК Алкалоид, како и до сега, се врвни, исклучително професионални и се на највисоко ниво. За тоа зборуваат и досегашните резултати и постигнувања на екипата. Стручниот тим ни е максимално посветен. Заеднички и напорно работиме сите, а секој со својот ангажман и квалитет придонесува екипата да биде максимално спремна за сезоната што ни претстои“, – изјави ракометарот на Алкалоид, Марко Митев.

(фото – Рк Алкалоид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *