Екипата на Еурофарм Пелистер покрај сениорскиот тим ќе има и младински тим во новото натпреварување на Лигата на шампионите за младинци.
Во натпреварувањето кое се вика “Младински Клупски Трофеј”, екипата на Еурофарм Пелистер ќе игра против екипата на Киелце од Полска.
Младинската екипа на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите ќе биде предводена од тренерите Фарук Мемиќ и Кире Митревски.
Само победниците од групите ќе се пласираат на младинскиот завршен турнир во Келн. Групната фаза ќе се одигра на 17 и 19 април 2025 година.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷