Екипата на Еурофарм Пелистер покрај сениорскиот тим ќе има и младински тим во Лигата на шампионите за младинци и оваа сезона.
Еурофарм Пелистер (до 18 години) продолжува да ја испишува својата приказна исполнета со труд, посветеност и победнички дух, а како актуелен шампион на Македонија во кадетска конкуренција и учесник втора година по ред во ЕХФ Лигата на шампиони за млади, како и минатогодишен победник на групата во Букурешт, Романија, по што обезбеди пласман и настап на Ф4 турнирот во Келн, Германија, уште еднаш потврдува дека припаѓа меѓу најдобрите млади екипи во Европа.
Оваа генерација заслужено ќе настапи во најелитното младинско клупско натпреварување – ЕХФ Лигата на шампиони за млади, која ќе се одржи на 30/31.03.2026 година во Пореч, Хрватска, каде во првиот полуфинален натпревар ќе ги одмери силите со екипата на Алборг од Данска.
Во составот на тимот кој ќе се бори за пласман во финалето се: Мацанковски Јован, Пајковски Василиј (голмани), Велјановски Павел, Кебаковски Томислав, Кочанов Лука, Бундалевски Константин, Георгиев Андреј (крилни играчи), Спировски Тео, Марковски Владимир, Здравковски Давид, Василевски Стефан, Мијалчев Горазд, Митровски Иван, Дуковски Александар (бекови), Бојчевски Бојан и Симоновски Јован (пивоти), под водство на тренерите Мемиќ Фарук и Митревски Кире.


(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷








