Поделба на бодовите помеѓу Кичево 2020 и Преспа

Екипите на Кичево 2020 и Преспа 2015 ги поделија бодовите во плеј-аутот во Првата лига, откако натпреварот заврши нерешено со 26-26.

Во првото полувреме составот на Кичево 2020 беше во водство и на пауза замина со предност од 15-12. Во второто полувреме составот на Преспа 2015 успеа да се врати, па на крај двете екипи да одиграат нерешено.

Најефикасен во екипата на Кичево 2020 беше Петар Јолески со пет гола, додека кај екипата на Преспа 2015 најефикасен беше Андреј Божиновски со десет гола.

(фото-Рк Кичево 2020)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.