Поднесено е обвинение против тројца веќе притворени лица за убиството на ракометарот Денис Тот.
“Обвинетите, на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот. По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрвин настанала коматозна состојба, а следниот ден починал“, соопштија од Обвинителството.
(фото-Рк Бутел Скопје)📷