Подравка се засили со десното крило Јосипа Мамиќ од Дунареа Браила

Екипата на Подравка од Копривница во новата сезона ќе има нова ракометарка на позицијата десно крило.

Подравка потпиша договор со Јосипа Мамиќ, која има 27 години и доаѓа од екипата на Дунареа Браила. Таа со екипата на Подравка потпиша договор на две години.

“Многу сум среќна поради моето доаѓање. Сезоната зад мене можеби не беше она што ја замислував. Затоа сум среќна што од следната сезона ќе бидам дел од овој тим, бидејќи познавам многу играчи, а со многу од нив сум играла и во репрезентацијата. Се радувам на новите предизвици и почетокот на подготовките во добро замислен систем и програма”, – изјави Јосипа Мамиќ.

(фото – ЖРК Подравка)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.