Ракометарите на Прилеп забележаа триумф против тимот на Вардар Неготино со конечен резултат 30-22.
Иако на пауза беше нерешено од 14-14, сепак во вториот дел подобар противник беше тимот на Прилеп.
Најефикасен во тимот на Прилеп беше Денис Шабановиќ со седум гола, а капитенот Филип Велески имаше два погодоци, додека кај екипата на Вардар Неготино најефикасен беше Лазар Адамовиќ со 11 погодоци.
(фото – Рк Прилеп)📷