Под знак прашалник функционирањето на Младост од Богданци

По повод одлука на мнозинството советници во Општина Богданци, под знак прашалник е доведено функционирањето на Рк Младост 1977 Богданци.

“По повод срамната одлука на мнозинството советници на Општина Богданци денес советниците го доведоа под знак прашалник понатамошното функционирање на РК Младост 1977 АД Богданци (машки и женски) каде во моментот членуваат 120 деца од целата општина и околината. РК Младост 1977 годинава се натпреварува во четири категории машки и девојки од кои во две категории се бори за шампионска титула и се меѓу најдобрите три клуба во Македонија. Со изгласаната срамна одлука на советниците денес за доделување 300.000 денари, а притоа никаде да не се спомене ниту женскиот ракометен тим, клубот се најде пред сериозна одлука за понатамошното функционирање бидејќи тие средства не се доволни ниту за превоз на натпревари, а камо ли за размислување на посериозни резултати и успеси како што досега се бореа децата кои се меѓу најдобрите во Македонија. Со овој потег само докажаа дека наместо да се трудат и со подршка да се стимулират младите деца да останат во РК Младост и Богданци вие правите тие самите да размислат да заминат одовде”, – стои во соопштението од Рк Младост 1977 Богданци.

Во текот на неделата Рк Младост 1977 Богданци по одржан состанок на управата ќе излезе со конечно соопштение за понатамошното функционирање и понатамошни чекори како и иднината на клубот.

(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести