Познати групите за кадетското женско Светско првенство

Познати се групите за кадетското женско Светско првенство на кое Македонија ќе биде домаќин од 30 јули до 10 август.

Кадетската репрезентација на Македонија ги дозна противниците, а тоа се селекциите на Иран, Узбекистан и Сенегал.

Група А: Црна Гора, Шведска, Алжир, Исланд

Група Б: Македонија, Узбекистан, Иран, Сенегал

Група Ц: Данска, Португалија, Австрија, Фарски Острови

Група Д: Хрватска, Казахстан, Египет, Индија

Група Е: Романија, Холандија, Гвинеја, Словенија

Група Ф: Германија, Швајцарија, Словачка, Јужна Кореја

Група Г: Норвешка, Чешка, Бразил, Уругвај

Група Х: Унгарија, Франција, Аргентина, Шпанија

Првиот и вториот од групите ќе се пласира во следната фаза на Светското првенство.

(фото – G sport)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.