Познати групите за СП 2025 година

Машката сениорска репрезентација на Македонија ги доби противниците за Светското првенство 2025 година што ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка.

Македонија за противници ги доби селекциите на Унгарија, Холандија и Гвинеја и ќе игра во групата Д во Вараждин (Хрватска).

Во главната фаза обезбедуваат најдобрите три репрезентации од секоја група. Светското првенство ќе се игра од 14 јануари до 2 февруари.

(фото – ИХФ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.