Од 14 до 17 јуни 2022 година Фондацијата “Марко Божиновски” ќе го организира првиот турнир на починатиот ракометар Марко Божиновски кој ќе се одржи во Аеродром.
Познати се групите и распоредот за турнирот. Натпреварите ќе се играат по принцип 2х30 минути во две групи, каде што ќе одиграат сите екипи меѓусебен натпревар. Во случај на ист број на поени ќе се применат пропозициите на РФМ. Сите натпревари ќе бидат пренесувани во живо на YouTube.
Распоред на натпревари:
14 Јуни 2022
17:30 Рк Вардар – Рк Бутел
19:00 Рк Голден Арт – Рк Пелистер Еурофарм
15 Јуни 2022
09:30 Рк Војводина – Рк Бутел
11:00 Рк Пролет – Рк Вардар
16:45 – официјално отварање на турнирот
17:30 Рк Нексе – Рк Еурофарм Пелистер
19:00 Рк Алкалоид – Рк Голден Арт
16 Јуни 2022
09:30 Рк Нексе – Рк Голден Арт
11:00 Рк Алкалоид – Рк Еурофарм Пелистер
17:30 Рк Војводина – Рк Вардар
19:00 Рк Пролет – Рк Бутел
17 Јуни 2022
09:00 Рк Војводина – Рк Нексе
10:30 Рк Нексе – Рк Алкалоид
Финални натпревари
13:00 Натпревар за 7-мо место (А4 – Б4)
14:30 Натпревар за 5-мо место (А3 – Б3)
16:00 Натпревар за 3-мо место (А2 – Б2)
18:00 Натпревар за 1-мо место (А1 – Б1)
18:30 Церемонија на доделување на пехари, медали и избор на најдобар голман, стрелец и играч на турниот, проследени со мала забава со ди-џеј на теренот на СЦ Марко Божиновски.
(фото-Фондација Марко Божиновски)📷