По успешните изданија минатите две години, овој пат дури четири интернационални клубови ќе се натпреваруваат заедно со кадетските тимови на македонските суперлигаши.
Од 14 до 16 јуни оваа година ќе се организира турнирот “Марко Божиновски”, каде ќе учествуваат осум екипи.
Учесници ќе бидат екипите на Морнар од Црна Гора, Војводина од Србија, Одорхеи од Романија, Коњух од Босна и Херцеговина, Алкалоид, Вардар 1961, Еурофарм Пелистер и Бутел Скопје од Македонија.
Екипите ќе бидат поделени во две групи. Натпреварите ќе се играат во спортскиот центар “Марко Божиновски”.

(фото – Фондација “Марко Божиновски”)📷