Познати се сите парови за вториот бараж за пласман на Светското првенство 2023 година.
Репрезентацијата на Белгија ја совлада Словачка два пати и директно се пласира на Мундијал, затоа што вториот бараж требаше да го игра со Русија но поради воениот конфликт одлучено е Белгија да оди директно на Светското првенство во 2023 година во Полска и Шведска.
Исто така и репрезентацијата на Финска е директно пласирана во вториот бараж затоа што утакмицата е службена затоа што Украина поради воениот конфликт неможеше да го одигра овој натпревар и Финска во вториот бараж ќе игра со Хрватска. Во втор бараж поминаа и Фарски Острови кој требаше да играат со Белорусија, а за пласман на Мундијалот ќе играат со Германија.
Парови за вториот бараж за пласман на Светското Првенство 2023 година (мажи):
Чешка – Македонија
Германија – Фарски Острови
Финска – Хрватска
Исланд – Австрија
Израел – Унгарија
Грција – Црна Гора
Португалија – Холандија
Словенија – Србија
Белгија – пласирана на Светско првенство поради дисквалификација на Русија
(фото-ЕХФ)📷